Баерн Минхен со 2:1 славеше над Бока јуниорс во меч од второто коло на Светското клупско првенство. Со оваа победа, Баерн си обезбеди место во осминафиналето на клупскиот Мундијал.
Хари Кејн донесе водство за Баерн со погодокот во 18 минута, а Бока успеа да израмни во средината на второто полувреме кога прецизен беше Мигуел Мрентел.
Клучниот момент на мечот се случи во 84 минута кога Кејн асистираше а Олис погоди и добесе победа за Баерн Минхен. По оваа победа, Баерн е лидер во групата со максимални шест бодови, а Бока остана на само еден бод. Во оваа група втора е Бенфика со четири бодови, додека аматерите на Оукланд се последни без бодови.
Во вториот меч кој се играше ноќеска, Есперансе од Тунис минимално со 1:0 го победи Лос Анџелес. Единствениот гол беше постигнат во 71 минута кога погоди Белаили.
Со оваа победа, Есперансе ги задржа шансите за место во следната фаза, а во последното коло ќе треба да слави над Челзи.