Баерн Минхен го елиминира Селтик, но остана без Кејн најмалку на една седмица

Баерн Минхен со гол во 95-тата минута го елиминира Селтик и успеа да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите, но остана без Хари Кејн најмалку на еден натпревар.

Репрезентативецот на Англија беше заменет на полувремето, а спортскиот директор на Баварците, Макс Еберл, рече дека причина биле болките во потколеницата, но и проблемите со зглобот кои ги спречувале да го даде максимумот.

„Не сум сигурен дека ќе играм во недела против Ајнтрахт Франкфурт. Ќе направиме прегледи, па ќе видиме“, кусо прокоментира Хари Кејн по мечот.

Слична изјава даде и тренерот на Баерн Минхен, Винсан Компани, кој најави детални прегледи пред да донесе одлука дали Кејн ќе игра или не на следниот меч.

- Оглас -

Најнови вести