Баерн Минхен го искористи киксот на Борусија и повторно е лидер во Германија (Видео)

Екипата на Баерн Минхен многу потешко од очекувањата ја совлада последнопласирната Херта со 2-0. Со оваа победа Баерн Минхен се искачи на врвот на табелата со поен предност пред Борусија Дортмунд, која вчера киксна против Бохум и одигра само 1-1.

Резултатот беше отворен дури во 69-тата минута, кога Гнабри прецизно стрелаше во голот на Херта.

Конечните 2-0 за Баерн Минхен беа дело на Кингсли Коман во 79-тата минута од мечот.

Следното коло Баерн Минхен ќе му гостува на Вердер Бремен, додека Борусија Дортмунд на домашен терен ќе го пречека составот на Волфсбург.

- Оглас -

Најнови вести