Барселона сезонава извади неколку фантастични млади фудбалери од својата школа, а еден од најистакнатите е Гави.
Играчот од средината на теренот има договор до 2023 година, а веќе неколку европски гиганти го посакуваат во своите редови. Ливерпул до пред некое време се истакнуваше како фаворит за ангажман, но сега и Баерн Минхен пројави интерес.
Целта на Барса е да го задржи 17-годишниот Гави во своите редови и да му даде нов и побогат договор, но барем засега нема продолжување на соработката.
За првиот тим на Каталонците тој одигра 27 натпревари и до сега има постигнато два погодоци.