Баерн Минхен го руши рекордот за најголем трансфер, на „Алијанц Арена“ доаѓа голгетер вреден 100 милиони евра

Баерн Минхен го договорил првото големо засилување за следната сезона и тоа во офанзивниот ред од екипата. Рандал Коло Муани е фудбалерот кој сезонава игра одлично во тимот на Ајнтрахт Франкфурт, а во следната сезона треба да го носи дресот на најтрофејниот германски клуб.

Францускиот репрезентативец играше и на Светското првенство во Катар, а остана запаметен по промашувањето во 123 минута од финалето против Аргентина, кога голманот на Гаучосите го одбрани неговиот шут кој можеше да донесе светска круна на Галските петли.

Коло Муани сезонава одигра 43 меча во сите натпреварувања за Ајнтрахт и постигна 22 погодоци и го доби вниманието од Баерн Минхен. Гигантот од Минхен прово понуди 60 милиони евра за Коло Муани, но таа понуда брзо беше одбиена, затоа што Ајнтрахт бара 100 милиони евра.

Се очекува трансферот да биде реализиран на 80 милиони евра, но останатите 20 милиони евра да бидат дадени во вид на бонуси, па тоа значи дека Бундеслигата ќе го добие најскапиот трансфер во историјата. Засега, најскап фудбалер во историјата на Бундеслигата е доаѓањето на Лукас Ернандес од Атлетико Мадрид во Баерн Минхен за 80 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести