Баерн Минхен и Борусија Дортмунд во меѓусебен дуел треба да покажат кој тим е поблиску до титулата во Бундеслигата. По 25 одиграни кола, Борусија е лидер со 53 бодови, а Баерн е со само еден бод помалку на второто место.
Актуелниот првак денеска игра на свој терен што значи ќе има голема поддршка од трибините на „Алијанц арена“. Овој меч ќе биде и деби на новиот тренер Томас Тухел, кој неочекувано дојде на местото на Јулијан Нагелсман.
Интересна е традицијата во последните седум меча на „Дер Класикер“. Баерн и Борусија играат мечеви со многу голови на двете страни. Во последните две и пол години, на седумте средби секогаш имало минимум четири погодоци и се треселе мрежите на двата тима.
Во една таква комбинација за ГГ4+, квотата во Sport Life е одлична и изнесува 2.17, а речиси е сигурно дека оваа традиција ќе продолжи, посебно ако се знае дека двете екипи негуваат офанзивен фудал и играат без многу калкулации.