28.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Баерн Минхен и Челзи преговараат за позајмицата на Николас Џексон

Баерн Минхен продолжува со силен интерес за ангажман на напаѓачот на Челзи, Николас Џексон, преку едногодишна позајмица. Германскиот шампион, според најавите, е подготвен целосно да ја покрие неговата плата, а во моментов останува да се утврди висината на надоместот што Челзи ќе го побара за овој трансфер.

Џексон има долгогодишен договор со лондонскиот клуб кој трае до летото 2033 година, а неговата пазарна вредност е проценета на 50 милиони евра.

Во минатата сезона, сенегалскиот репрезентативец одигра 30 натпревари во Премиер лигата, на кои постигна 10 голови и запиша пет асистенции. Сепак, тој не се вклопува во плановите на менаџерот Енцо Мареска за оваа сезона, што дополнително ја зголемува веројатноста за негово заминување.

- Оглас -

Најнови вести