11.8 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Баерн Минхен испиша историја, никогаш никој немал ваква полусезона во Бундеслигата

Баерн Минхен синоќа со 3:1 славеше на гостувањето кај Келн во меч од 17-тото коло на Бундеслигата, со што германското првенство дојде точно на половина. Изненадувачки, Келн поведе со 1:0, но Баерн израмни до полувремето, па во вториот дел гостите постигнаа уште два гола за нова сигурна победа, со која беше испишана и историја.

Со овој триумф Баерн Минхен на половина од првенството има 15 победи и две нерешени за вкупно освоени 47 бода. Втора на табелата е Борусија Дортмунд, но овој тим веќе има двоцифрено заостанување, односно 36 бода, што значи дека речиси и нема шанси да му парира на баварскиот гигант во трката за титулата.

Освоените 47 бода се израмнување на рекордот кој го постави Баерн Минхен во сезоната 2013/14. Предводени од тренерот Пеп Гвардиола, Баерн во таа сезона имаше 15 победи и две ремија во првата полусезона, со гол-разлика од +35.

Сега овој Баерн е уште подобар затоа што освен 47-те бода, има и неверојатна гол разлика од 66 дадени и само 13 примени голови. Постигнатите 66 погодоци се рекордни, како и позитивната гол-разлика од +53 погодоци, што значи дека овој Баерн Минхен предводен од стратегот Венсан Компани испиша историска полусезона во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести