Баерн Минхен ја забележа и петтата победа по ред во Бундес лигата, откако со минимални 1-2 славеше на гостувањето кај Фрајбург. Хари Кејн во 15-тата минута го отвори резултатот, додека Ким Мин-јае во 54-тата зголеми на 0-1. Единствениот погодок за домашните беше дело на Гинтер во 68-мата минута.
„Баварците“ остануваат лидер со 48 бода, шест повеќе од актуелниот шампион, Баер Леверкузен, кој киксна против Лајпциг и одигра само 2-2, иако имаше водство од 0-2. Шик и Гарсија во 18-тата, односно 36-тата минута донесоа водство за „фармацевтите“, додека Раум во 41-вата намали на 1-2, а Тапсоба во 85-тата со автогол израмни на 2-2.
Елиф Алмас беше во составот на Лајпциг, но не доби шанса за настап против актуелниот шампион на Германија.