Баерн Минхен ќе го направи Хари Кејн најскапиот играч во историјата на Бундеслигата

Челниците на германскиот првак Баерн Минхен, дефинитивно се решени во своите редови да го доведат Хари Кејн од Тотенхем. Според британските медиуми, денеска од Баерн пристигнала нова, најголема понуда до лондонскиот тим за трансфер на напаѓачот.

Германскиот гигант е подготвен да плати 110 милиони евра оштета за да го откупи договорот на Кејн. Доколку тоа се реализира, Кејн ќе биде најскапиот фудбалер во историјата на Бундеслигата. Претходната понуда која ја одбија од Тотенхем беше 95 милиони евра.

Според најавите, Тотенхем има рок до полноќ да одлучи дали ја прифаќа оваа понуда од Баерн Минхен. Германскиот тим е во потрага по нов голгетер и уште не може да најдат соодветна замена за роверт Левандовски кој пред една година го продадоа во Барселона за 45 милиони евра. Минатата сезона Садио Мане требаше да биде главен во нападот, но Сенегалецот не се снајде најдобро, па затоа веќе и не е дел од овој клуб. Замина во Ал-Наср за трансфер вреден 30 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести