Баерн Минхен ќе има шанси за уште една титула, договорено е да има Светско клупско

Светската фудбалска федерација (ФИФА) сепак одлучи да се игра традиционалниот турнир на континенталните клупски шампиони. Популарното Светско клупско првенство кое најчесто се играше во декември, овојпат ќе се игра во февруари 2021 година.

Првично турнирот беше одложен поради пандемијата со корона-вирусот, но сега сепак е одреден датум за натпреварите. Катар ќе остане да биде домаќин, а турнирот ќе се игра во периодот од 1 до 11 февруари 2021 година.

Баерн Минхен ќе биде претставникот на Европа, што значи дека баварскиот гигант ќе има шанса за уште еден голем трофеј во периодот кога доминира во сите натпреварувања на кои беше дел.

Ова ќе биде и последно Светско клупско првенство во стандардниот формат затоа што планот за од следната сезона е да се направи турнир на кој ќе учествуваат вкупно 24 екипи од целиот свет, а домаќин ќе биде Кина.

 

- Оглас -

Најнови вести