Борусија Дортмунд со 2:1 славеше на гости кај Херта во меч на кој гостите во целото второ полувреме играа без исклучениот Матс Хумелс. Милионерите одлично го отворија дуелот и во само растојание од 107 секунди, дадоа два гола. Санчо и Азар погодија за радост на Борусија Дортмунд.
Херта намали на 1:2 во 34 минута, а во вториот дел домаќините постигнаа уште еден погодок, но тој беше поништен по консултација со ВАР системот.
На гости победи и Лајпциг, а и тука фаворитот даде два брзи погодоци. Веќе во 4 минута Лајпциг водеше со 2:0, а во 26 минута гостите се радуваа по трет пат. Во второто полувреме Падерборн даде два гола, но не се спаси од пораз.
На бод пред своите фанови се радуваа Келн против Аугзбург (1:1) и Хофенхајм против Фортуна Дизелдорф (1:1).
Честа на домашните екипи денеска треба да ја спаси Баерн Минхен. Германскиот првак на свој терен го пречекува Баер Леверкузен.