Баерн Минхен купува голман од Хофенхајм

Баварскиот гигант Баерн Минхен покажува интерес за Оливер Бауман, кој брани за Хофенхајм и е член на германскиот национален тим, јавува „Билд“. Планот на баварците е да го доведат овој голман доколку Мануел Нојер одлучи да ја заврши кариерата ова лето.

Доколку трансферот се реализира, Бауман би бил втор избор зад Јонас Урбих, кој треба да биде долгогодишен наследник на Нојер. Раководството на Баерн Минхен сака искусен голман кој би се согласил да биде резерва на Урбих.

Сè уште не е познато дали Бауман би ја прифатил ваквата улога. Во меѓувреме, се очекува Свен Улрих да продолжи како трет избор со едногодишен договор.

Дополнително, клубот располага со Александер Нубел и Даниел Перец, кои моментно се на позајмица во Штутгарт и во Саутемптон, со голема веројатност за продажба.

Бауман има договор со Хофенхајм до летото 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести