Баерн Минхен може да загуби многу пари затоа што реши Ибрахимовиќ да го даде на позајмица во Италија

Баерн Минхен ова лето реши да го прати младиот Аријон Ибрахимовиќ на позајмица во тимот на Фрозиноне, а тоа може да донесе финансиски удар за баварскиот гигант. Германскиот 17-годишен тинејџер со косовско потекло блесна во својот прв настап како стартер во Серија А.

Младиот Ибрахмовиќ одигра 80 минути на дуелот против Емполи и беше најзаслужен за победата на Фрозиноне од 2:1. Ибрахимовиќ даде еден гол, а асистираше на вториот за 80 минути колку што помина на теренот.

Во Фрозиноне се задоволни од талентираниот тинејџер и според некои најави, уште во зимскиот преоден рок ќе сакаат да го откупат неговиот договор од Баерн. Во позајмицата што е направена стои клаузула во која Фрозиноне може да го откупи договорот на Ибрахимовиќ, и тоа само за 3,5 милиони евра.

Тоа значи дека италијанскиот тим за „ситна пара“ може да добие супер талент. Сепак, во договорот постојат уште две клаузули, а тоа е дека Баерн Минхен ќе може повторно да го добие Ибрахимовиќ. Во првиот случај би било ако плати 11 милиони евра во летото 2024 година, додека ако Баерн Минхен реши да го врати тинејџерот на „Алијанц арената“ во јуни 2025 година, тогаш ќе мора на Фрозиноне да му исплати 14 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести