Баерн Минхен му честиташе на Медведев за победата над Ѓоковиќ и му подготви подарок (Видео)

Најголемиот и најтрофеен германски фудбалски клуб Баерн Минхен јавно му ја честиташе победата на рускиот тенисер Данил Медведев на Отвореното првенство на САД. Популарниот Медо, кој во финалето во Њујорк го разби Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови, ја освои својата прва гренслем-титула во кариерата, а познат е и како навивач на Баварците.

Затоа од Баерн му честитаа на Данил, а во чест на триумфот, изработија и дрес со презимето на Русинот на грбот и бројот 1. Тенисерот се заблагодари преку социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести