По завршувањето на репрезентативните возбудувања во Лигата на нациите, следува враќање на клупскиот фудбал. Викендов има мечеви од домашните првенства, а веќе следната недела започнуваат нови големи возбудувања. Стартува новото, изменето издание во Лигата на шампионите.
Германскиот гигант Баерн Минхен во првото коло на домашен терен ќе игра против хрватскиот првак Динамо Загреб. Иако Баерн игра на еден од најмодерните стадиони во Европа, познатата „Алијанц арена“, германскиот тим не е гостопримлив кон играчите на Динамо.
Гостите од Хрватска нема да може да тренираат на „Алијанц арената“, и тоа поради фактот што состојбата на тревата е лоша. Токму затоа од Баерн побарале да се заштити тревата колку што е можно повеќе, а со тоа и никој да не смее да гази на неа во последните 24 часа пред дуелот.
Од Динамо решиле во понеделник да тренираат на „Максимир“, а во вечерните часови да заминат кон Минхен. Дуелот ќе се игра во вторник, на 19 септември.