Баерн Минхен оствари убедлива победа и останува лидер на табелата во германската Бундес лига. “Баварците“ денес немаа милост кон Шалке и го совлада со убедливи 6-0. Гнабри беше двоен стрелец, додека по еднаш во листата со стрелци се запишаа и Милер, Кимих, Тел и Мазрауи.
И екипата на Унион Берлин продолжува со одлични игри. Тие денес во директен дуел го совладаа конкурентот за пласман во Лигата на шампионите, Фрајбург со 4-2. Домашните уште во првиот дел стигнаа до убедливи 3-0, но во вториот дел Фрајбург намали на 3-2. Победата ја потврди Лаидуни во 80-тата минута.
Баерн Минхен сега има четири бодови повеќе од Борусија која вечерва ќе го игра својот натпревар од 32-рото коло на Бундес лигата. Унион Берлин сега е трет со 59 поени.

