Баерн Минхен во моментов е без двајцата голмани откако Мануел Нојер има пукнато ребро, а Свен Урлих е надвор од составот поради лични причини. Голот на Баварците во моментов го чува младиот Даниел Перец, кој се покажа како одлично решение на претходните натпревари.
Токму тоа е причината за одлуката на раководството на Баерн Минхен да не ангажира нов голман и шанса да му даде на Перец, секако, сè додека не се врати легендарниот Нојер. Триесет и осумгодишниот голман ќе биде на пауза 10-тина дена, а потоа ќе се врати на тренинзите и се очекува да застане на голот на Баерн на првиот меч во 2025 година, односно на десетти јануари.