Фудбалерите на Баерн Минхен остануваат максимални во Бундеслигата, откако дојдоа и до деветтата победа на деветтиот натпревар.
„Баварците“ со убедливи 3-0 славеа над Баер Леверкузен и дојдоа до ефект од 33 дадени гола и само четири примени по девет меча во Бундеслигата.
Гнабри и Џексон беа стрелци за Баерн, а третиот гол беше дело на гостинскиот фудбалер Баде, кој си постигна автогол.

