Баерн Минхен немаше милост кон Хамбургер и го победи со убедливи 5:0 во рамките од третото коло во Бундеслигата.
Уште од самиот старт Баерн ја покажа доминацијата и за помалку од половина час постигна четири гола. Гнабри, Павловиќ, Кејн и Дијаз ја тресеа мрежата на гостите.
Во второто полувреме Баерн го намали темпото и постигна само еден гол и тоа преки Кејн, за потврдување на доминацијата.
Баерн е со три победи во првите три кола, а вкупно постигна 14 голови, што е просек пд речиси пет погодоци на меч.