19.8 C
Skopje
петок, 26 септември 2025

Баерн Минхен, Олимпик Марсеј и Андерлехт се во улога на фаворити

1701 Стразбург – Олимпик Марсеј (20:45 ч.)

Пет од последните шест меѓусебни дуели на овие два тима завршиле нерешено (трипати било 1:1, а двапати 2:2). Стразбург сезонава започна одлично и има четири победи во пет кола, додека тимот од Марсеј е со три победи и два порази, без реми.

Според традицијата, а и формата во која се наоѓаат двата тима сезонава, може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.98)

 

1801 Баерн Минхен – Вердер Бремен (20:30 ч.)

Застрашувачки делува Баерн на почетокот од сезоната. Шампионот има перфектни четири победи и дури 18 дадени голови (4,5 погодоци во просек по меч). Вердер ја има една од најслабите одбрани (10 примени гола) и сè освен убедлив триумф на домаќините ќе биде изненадување.

Во последните шест меѓусебни дуели, Баерн го победувал Вердер со 3:0, 5:0, 4:1 и 6:1.

Предлог тип: 1-1&4+ (1.80)

 

1310 Жирона – Еспањол (21 ч.)

Жирона е тимот кој сезонава очигледно ќе биде премија ако не испадне. Во шест кола нема ниедна победа (само два освоени бода) и дури 16 примени гола. Еспањол е во многу подобра форма и ова е шанса за каталонскиот тим да ја прекине за нив лошата традиција, а тоа е шест средби без пораз во пресметките со Жирона.

Ако се знае слабата одбрана на домаќините, треба да има погодоци на оваа пресметка.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.01)

 

1663 Левен – Андерлехт (20:45 ч.)

Левен игра очајно и во првите осум кола освои само седум бода, што е доволно за претпоследното место на табелата. Од друга страна, Андерлехт е втор со 14 бода и е во улога на фаворит, но традицијата вели дека најчесто овие средби завршуваат без победник.

Дури седум од последните 10 меча на овие клубови завршиле со „икс“.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.80)

 

1011 ВБА – Лестер (21 ч.)

Дуел на две екипи на кои желбата им е да бидат во горниот дел од табелата во Чемпионшип и да се борат за влез во Премиер лигата. Лестер има победено на последните пет меча со овој ривал и најчесто тоа биле пресметки со многу погодоци.

Предлог тип: 1-3 I &3+ (2.60)

- Оглас -

Најнови вести