6.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Баерн Минхен остана без уште еден играч до крајот на сезоната

Германскиот гигант Баерн Минхен се соочува со големи проблеми во финишот на сезоната, откако се повреди и јапонскиот репрезентативец Хироки Ито, кој ќе паузира до крајот на сезоната.

Ито го повреди десното стапало на натпреварот од 27-то коло во Бундеслигата против Сент Паули (3-2), па и тој ќе биде надвор од терените и нема да може да му помогне на тимот во борбата за титулата.

Минхенскиот гигант веќе е без услугите на Алфонсо Дејвис, кој ќе паузира до септември, а не може да смета ниту на Дајот Упамекано.

- Оглас -

Најнови вести