12.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Баерн Минхен останува на максимум, Кејн погоди и на деветти натпревар по ред (Видео)

Баерн Минхен останува единствената екипа во Европа која победила на сите натпревари оваа сезона. „Баварците“ во дербито на бундеслигашкото коло славеа со 2-1 против Борусија Дортмунд и дојдоа до седмата првенствена победа оваа сезона.

Освен седумте победи во Бундес лигата, Баерн Минхен победи и на двата меча од Лигата на шампионите и по еден во германскиот Супер куп и Куп, па веќе имаат 11 победи на официјалните натпревари оваа сезона.

Резултатот на „Алијанц арената“ го отвори Хари Кејн во 22-рата минута, што за него е деветти меч во серија на кој постигнува барем еден гол, а она што е интересно, последен пат не даде гол против Андора во квалификациите за Мундијалот.

На 2-0 зголеми Мајкл Олисе во 79-тата минута, а почесниот погодок за гостите беше дело на Јулиан Бранд во 84-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести