21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Баерн Минхен по првиот трофеј во сезоната, Њукасл, ПСЖ, Ајакс и Спортинг со големи амбиции стартуваат во првенството (Фото)

1007 – Њукасл – Астон Вила (18:30)

Екипата на Њукасл со големи амбиции влегува во новата премиерлигашка сезона. И минатата беше одлична за “страчките“ бидејќи обезбедија пласман во Лигата на шампионите, но планот за оваа е да се оди чекор понапред. Во првото коло од новата сезона ќе имаат голем предизвик кој се вика Астон Вила, уште една екипа со големи амбиции. Њукасл ја има фаворитската улога, а на последните три натпревари помеѓу овие две екипи се постигнати помеѓу три и шест голови.

Предлог тип: 1Х и 3-6 (2.35)

 

1881 – Баерн Минхен – Лајпциг (20:45)

Борбата за првиот трофеј во Германија ќе ја водат екипите на Баерн Минхен и Лајпциг, кои ќе играат во финалето на Супер купот. “Баварците“ како и секогаш се фаворити и сакаат со трофеј да ја започнат сезоната. Дуелите на овие две екипи секогаш се ефикасни, но очекувањата за денес се дека нема да има повеќе од пет голови, со оглед на важноста на дуелот и можноста да се освои трофеј.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.07)

 

1704 – ПСЖ – Лориен (21:00)

Екипата на ПСЖ на секој натпревар, посебно во Франција, ја има фаворитската улога. Таков е случајот и против Лорин, кој минатата сезона им го нанесе еден од најболните порази во првенството кога ги победи со 1-3 на “Паркот на принцовите“. Денес ПСЖ нема да си дозволи таков “луксуз“ и првенството ќе го започна со победа. На последните три натпревари помеѓу овие две екипи биле постигнувани помеѓу три и шест голови.

Предлог тип: 1 & 3-6 (2.10)

 

1633 – Ајакс – Хераклес (20:00)

Една од најголемите екипи во холандскиот фудбал, Ајакс, има лесен противник на стартот од првенство и се очекува да започне со победа. Холандските екипи играат со многу голови, а таков е случајот и со Ајакс кој на претходните домашни натпревари против Хераклес има високи победи од 3-0, 5-0, 4-1 …

Предлог тип: 1 & 4-6 (2.50)

 

1539 – Спортинг Л. – Визела (21:30)

Спортинг Лисабон има противник по мерка на старот од новото првенство во Португалија. Овие две екипи низ историјата имаат одиграно шест меѓусебни натпревари, а Спортинг исто толку пати ја има победено Визелаи и секогаш постигнувале најмалку два голови. На домашен терен во Лисабон, Спортинг двапати победил со 2-1 и еднаш 3-0.

Предлог тип: Т1 1-3I&1-3II (2.03)

- Оглас -

Најнови вести