Баерн Минхен преговара со германски репрезентативец и со јапонски дефанзивец

Баерн Минхен планира засилување на одбраната ова лето, бидејќи клубот сигурно ќе се раздели со Ерик Даер, кој веќе постигнал договор со Монако, и потенцијално и со Ким Мин-Јае, ако пристигне соодветна понуда за него.

Според германските медиуми, Баерн веќе води преговори со Џонатан Тах од Баер Леверкузен. Германскиот репрезентативец ќе стане слободен агент во летниот преоден рок, што го прави атрактивна опција. Освен Баерн, интерес за него имаат и Барселона и Реал Мадрид, што значи дека конкуренцијата за неговиот потпис ќе биде голема.

Покрај Тах, Баерн има интерес и за Ко Итакура од Борусија Менхенгладбах. Јапонецот се разгледува како резервна опција и играч кој би прифатил помала улога во тимот. Со цена од околу 12 милиони евра, тој претставува финансиски исплатлива алтернатива, иако засега нема официјална понуда.

- Оглас -

Најнови вести