Баерн М., ПСЖ и Атлетико M. прв пат се толку активни во летниот период за толку важен турнир

6720 Баерн Минхен – Оукленд (18 ч.)

Ова треба да биде како меч за загревање за Баерн Минхен. Германскиот гигант е прв фаворит во групата и се очекува убедливо да слави. Оукланд е најдобар тим во Нов Зеланд, но сепак, кога се работи за дуели со најдобрите клубови во светот, тешко дека ќе може да парира.

Посебно хендикеп за Оукланд е фактот дека дел од најдобрите играчи нема да им играат на клупското СП, затоа што не добиле денови од одмор. Тоа се играчи кои покрај фудбалот, имаат и „нормална“ работа, а фудбалот им е како едно хоби.

Предлог тип: 6+ (2.05)

 

6703 ПСЖ – Атлетико Мадрид (21 ч.)

Пари Сен Жермен на Клупското СП доаѓа како актуелен европски првак. Ова е дерби на денот, посебно затоа што Атлетико Мадрид во сезонава која што измина го победи францускиот гигант и тоа сред Париз со 2:1 во меч од групната фаза од Лига на шампиони.

Сега може да се очекува нов одличен меч, но овојпат ПСЖ сигурно многу посериозно ќе се подготви и ќе сака да покаже зошто е на тронот на Европа.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.65)

 

1311 Мирандес – Овиедо (19 ч.)

Финале на плејофот за влез во Примера дивисион во Шпанија. Интересно е дека двата тима завршија со по 75 бодови во регуларниот дел. Во двата меча кои ги одиграа сезонава, Мирандес дома победи со 1:0, а Овиедо на свој терен славеше со 4:1.

Сега Мирандес ја има предноста на на свој терен и ќе гледа максимално да ја искористи пред реваншот во Овиедо.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.03)

 

5632 Ангола – Јужна Африка (15 ч.)

Финале од КОСАФА куп, традиционален турнир кој се одржува меѓу селекциите од јужниот дел од континентот. Јужна Африка е во улога на фаворит, но ако се погледнат резултатите од меѓусебните дуели, Ангола е во подобра ситуација, затоа што во последните пет дуели, Ангола има две победи и три нерешени.

Стандардно во вакви мечеви ретко може да се очекуваат многу голови.

Предлог тип: Х2&0-2 (1.63)

 

6742 Чешка У21 – Германија У21 (21 ч.)

Германија убедливо го започна ЕП за играчи до 21 година и има победа од 3:0 над Словенија, па сега истото се подготовува да го направи и во дуелот со Чешка, која во првото коло загуби од Англија со 3:1.

Ова треба да е меч без многу калкулации па дури може да се очекува погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.13)

 

- Оглас -

Најнови вести