Фудбалерите на Баерн Минхен со рутинска победа од 0-4 на гостувањето кај Улм ја отворија новата сезона. „Баварците“ без никакви проблеми забележаа победа во мечот од првото коло на германскиот Куп.
Победникот беше одлучен уште во почетната фаза на мечот, кога Томас Милер успеа да погоди во 12-тата и 15-тата минута. На 0-3 зголеми Кингсли Коман во 79-тата минута, додека конечните 0-4 ги постави Хари Кејн во 93-тата минута. За Баерн Минхен сега следува уште еден контролен дуел, во вторник против Грасхоперс, а на 25-ти месецов започнува и новата сезона во Бундес лигата со меч против Волфсбург на гости.