Баерн Минхен уште еднаш покажа дека сезонава нема конкуренција во Бундеслигата, па славеше на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со убедливи 0-3. „Баварците“ имаат шест од шест и максимални 18 бода во Бундеслигата, но и +4 пред второпласираната Борусија Дортмунд.
Актуелниот германски шампион на првите шест меча оваа сезона веќе има постигнато 25 гола или во просек над четири по натпревар, а прими само три.
Победата против Ајнтрахт ја донесоа Луис Дијас кој беше двоен стрелец и Хари Кејн, кој дојде до својот 11-ти бундеслигашки гол на шест натпревари.

