Германскиот гигант Баерн Минхен е силно заинтересиран за ангажман на Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед и планира да направи одличен тандем со него и Хари Кејн, пренесуваат британските медиуми. Иднината на Португалецот во Манчестер Јунајтед во последно време е под голема доза на неизвесност.
Се наведува дека клубови надвор од Премиер лигата можат да ја активираат откупната клаузула од 57 милиони фунти (67,26 милиони евра), а Баерн е подготвен да го направи тоа за да ја засили креативноста во својот тим, што би му помогнало и на Кејн да биде поефикасен.
Бруно Фернандеш е дел од Манчестер јунајтед шест сезони, во кои постигнал 103 голови и имал 95 асистенции, потврдувајќи ја својата огромна улога за тимот.

