Баерн Минхен сака да го купи египетското чудо од Ајнтрахт

Баерн Минхен покажува интерес за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш. Дваесет и петгодишниот фудбалер игра одлично на стартот од сезоната во Бундеслигата, а баварскиот клуб е импресиониран од неговата игра на меѓусебниот натпревар, кој заврши 3-3.

На „Алијанц арената“ го следат настапот на Египќанецот и размислуваат да го ангажираат по завршувањето на сезоната. Сè уште нема официјални преговори меѓу двата клуба, но Баерн веќе имал неформални разговори со претставниците на Мармуш.

Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, е голем обожавател на Египќанецот и сака да го види во дресот на германскиот гигант.

Се проценува дека напаѓачот ќе чини околу 60 милиони евра, а за него интерес покажува и Ливерпул.

Омар Мармуш оваа сезона има постигнато 12 голови и девет асистенции во дресот на Ајнтрахт Франкфурт.

- Оглас -

Најнови вести