Баерн Минхен е новиот клуб на Садио Мане во трансфер што ќе ги чини Баварците 32 милиони евра и плус 8 во бонуси што се веќе договорени.
Останува само да се официјализира договорот и германскиот гигант да добие огромно засилување во офанзивниот дел.
Баерн и Ливерпул долго време преговараа, а Мане го чекаше исходот со јасна цел и желба да се пресели во Минхен.
https://twitter.com/empireofthekop/status/1537798357170659332?s=20&t=Q4O1lJbwGZK0N8kvPHSR1g
Сенегалецот е еден од најдобрите офанзивци на планетата, има 30 години, а ќе потпише тригодишен договор со Баерн Минхен.