Баерн Минхен се договори со Ливерпул за трансфер на Мане, формулата е 32+8 за тригодишен договор

Баерн Минхен е новиот клуб на Садио Мане во трансфер што ќе ги чини Баварците 32 милиони евра и плус 8 во бонуси што се веќе договорени.

Останува само да се официјализира договорот и германскиот гигант да добие огромно засилување во офанзивниот дел.

Баерн и Ливерпул долго време преговараа, а Мане го чекаше исходот со јасна цел и желба да се пресели во Минхен.

Сенегалецот е еден од најдобрите офанзивци на планетата, има 30 години, а ќе потпише тригодишен договор со Баерн Минхен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести