Баерн Минхен се подготвува за „живот“ после Нојер: Замената доаѓа од Англија за 72 милиони евра

Мануел Нојер има договор со Баерн Минхен за уште една сезона, но „баварците“ веќе се подготвуваат за ерата после него. Раководството на клубот размислува кој би бил идеалниот наследник на легендарниот голман, а се чини дека изборот падна на чуварот на мрежата на премиерлигашот Брајтон.

„Баварците“ се подготвени да платат 72 милиони евра за белгискиот голман, Барт Вербруген, кој го бранеше голот на Брајот на 57 натпревари, а на 14 од нив успеа да ја сочува мрежата чиста. Белгиецот има само 22 години и е висок 194 сантиметри, па Баерн Минхен во него гледа решение на долг рок.

Брајтон во 2023 година го купи од Андерлехт за 19 милиони евра, па премиерлигашот добро ќе заработи од оваа зделка.

- Оглас -

Најнови вести