Баерн Минхен со минимални 1-2 славеше на гостувањето кај швајцарски Грасхоперс, во последниот контролен натпревар пред официјалниот почеток на новата сезона во Германија.
Овој меч е само на четири дена пред германскиот Супер куп против Штутгарт, па Компани им даде шанса на првотимците само во последните 30-тина минути од натпреварот.
Но, тогаш веќе сè беше решено, резултатот беше 1-2, а главна ѕвезда на Баварците беше 17-годишниот Ленарт Карл, кој најпрво погоди во 20-тата минута, а шест минути подоцна му асистираше на Куси Асаре, кој зголеми на 0-2.

