Баерн Минхен со новите дресови ќе прекине една долгогодишна традиција (Фото)

Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен во наредната сезона повторно ќе игра во традиционалните црвени дресови, но сепак ќе има еден интересен новитет. Досегашната бела боја ќе биде заменета со црна боја.

Според многумина, белата боја веќе прерасна како дел од домашна боја за Баерн Минхен, но сега таа ќе се „прелее“ во црна боја, открива специјализираниот сајт „Footy Headlines“.

Со црна боја ќе биде испишано името на двата спонзори, „Т-мобиле“ и „Адидас“. Белата боја на дресот сепак ќе постои и во гарнитурата за сезоната 2022/23 и тоа на страничните делови. Дресовите за следната сезона официјално треба да бида претставени во мај 2022 година, по одигрување на последното коло од оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести