Баерн Минхен со пресврт стигна до победа, кикс на Милионерите

Баерн Минхен се намачи, но на крајот успеа да победи со 2:1 ја „Алијанц Арена“ против Мајнц, во меч од 15. коло на Бундеслигата. Изненадувачки беше тоа што Мајнц на полувремето имаше водство од 1:0, но фаворитот во вторите 45 минути направи пресврт.

Кингсли Коман во 53 минута израмни на 1:1, а 18-годишниот тинејџер Џамал Мусиала со погодокот во 74 минута го комплетираше пресвртот.

Освен што ги освои трите бода, на Баерн му е во прилог и киксот на Борусија Дортмунд. Милионерите одиграа само 1:1 на гости кај Бохум. Домаќините имаа водство на полувреме, а Брандт со погодок во 84 минута ја спаси Борусија од пораз.

Хофенхајм со 2:1 победи на гости кај Фрајбург, а домашниот терен го искористија Херта и Лајпциг. Херта во Берлин со 2:0 славеше над Билефелд, а Лајпциг го доби дуелот со Борусија Менхенгладбах и тоа со 4:1.

- Оглас -

Најнови вести