Баерн Минхен станува кошмар за Барселона и во кошарка

Еден од главните фаворити за титулата во кошаркарската Евролига, екипата на Барселона, на домашен терен беше изненадена од Баерн Минхен и загуби со 75:90 од Баерн Минхен. Германскиот тим со овој триумф успеа да израмни на 1:1 во победи во четвртфиналната пресметка и сега ќе игра два меча на свој терен во обид да стигне до три победи.

Баерн Минхен уште од првата минута најави дека ќе изненади и поведе со 9:3, а на крајот од првата четвртина гостите имаа водство од 23:18. Во втората четвртина Баерн продолжи со одлична игра и да ја зголемува предноста, па поведе со 35:20, а на полувреме водеше со 48:35.

Двоцифрената предност на гостите остана и по третата четвртина, а во последните 10 минут Барселона само немоќно се обидуваше да ја стигне високата негатива на ривалот, но не успеа.

Милано израмни на 1:1 во победи против Ефес Пилсен откако вечерва славеше со 73:66.

 

- Оглас -

Најнови вести