Баерн Минхен стави три големи ѕвезди на трансфер-листа!

Според германските медиуми, Баерн Минхен летово ќе продаде три големи ѕвезди од својата екипа. На трансфер-листа се ставени Садио Мане, Лерој Сане и Серж Гнабри.

Баварците незадоволни од лошата сезона во која среќно стигнаа до трофејот од Бундеслигата, подготвуваат комплетен ремонт на екипата според желбите на тренерот Томас Тухел.

Нема да биде никаков проблем да се продадат овие тројца фудбалери, за кои сигурно ќе има голем број понуди, а веќе и се шпекулира со имињата на екипите каде би продолжило ова трио.

- Оглас -

Најнови вести