Баерн Минхен трет пат во последните пет меча победува со 7:0 против Бохум, прв хет-трик за Кејн

Баерн Минхен повторно немаше милост во дуелот против Бохум и актуениот првак на Германија славеше со убедливи 7:0, во меч од петото коло на Бундеслигата. Уште во првото полувреме беа решени сите дилеми откако Баерн даде четири гола и тоа преку четири различни стрелци (Чупо-Мотинг, Кејн, Де Лихт и Сане).

Во второто полувреме летното засилување Кејн постигна уште два погодоци за негов прв хет-трик во дресот на Баерн Минхен и големо задоволство на фановите на „Алијанц Арена“.

Борусија Дортмунд се намачи, но на крајот победи против Волфсбург благодарение на погодокот на Марко Ројс во второто полувреме. Еден гол беше доволен и на Лајпциг кој се радуваше на гости кај Борусија Менхенгладбах.

Аугсбург со пресврт стигна до три бода против Мајнц, победувајќи со 2:1, додека Хофенхајм се радуваше на триумф од 2:0 на гости во Берлин кај Унион.

- Оглас -

Најнови вести