Баерн Минхен тргна по Алонсо, подготвен е да плати богатство кога се работи за трансфер на тренер

Баерн Минхен сезонава е во опасност да ја заврши без ниту еден трофеј. Германскиот гигант го загуби трофејот во Суперкупот на Германија, испадна од Купот на земјата, а во првенството заостанува 10 бода зад лидерот баер Леверкузен. Вечерва, Баерн игра против Лацио во реваншот од Лигата на шампиони и мора да брка победа, за да ја анулира негативата од еден гол по првиот меч кој се играше во рим.

По завршување на сезоната, тренерот на Баерн, Томас Тухел ќе си замине од клупата, а според најавите, негов наследник треба да биде Чаби Алонсо. Шпанецот кој сега е на клупата на Баер Леверкузен, треба да се пресели во Минхен, а Баерн нема да жали пари за да го откупи неговоиот договор.

Најавите се дека Баерн веќе започнал преговори со Алонсо, а се подготува и откупна клаузула која би изнесувала меѓу 15 и 25 милиони евра, во зависност од тоа колку трофеи Алонсо ќе освои оваа сезона со Фармацевтите.

- Оглас -

Најнови вести