Баерн Минхен тргнува по потписот на младата ѕвезда на Атлетико Мадрид

Баерн Минхен е еден од клубовите кои сериозно се интересираат за Пабло Бариос, младата ѕвезда на Атлетико Мадрид. Баварците се подготвени повторно да инвестираат на шпанскиот пазар и да понудат голема сума за 21-годишниот играч од средниот ред, иако во последниот обид со Брајан Сарагоса не беа најуспешни.

Бариос стана клучен играч во Атлетико, а Диего Симеоне безрезервно се потпира на него. Тој се смета за наследник на Коке, кој оваа сезона сè почесто останува на клупата.

Баерн е подготвен да понуди 70 милиони евра, но Атлетико речиси сигурно нема да го пушти за таа сума. Во договорот на Бариос има откупна клаузула од 100 милиони евра, а мадриѓаните не планираат да го продадат за помалку.

Атлетико Мадрид сака да го задржи Бариос и планира да му понуди нов договор по завршувањето на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести