Веќе станува јасно дека ерата на Флоријан Вирц во Баер Леверкузен ќе заврши налето. Фудбалерот долго се двоумеше, велеше дека ќе остане во Леверкузен, но последните најави се дека тој ќе си замине, а „фармацевтите“ сакаат да заработат од неговиот трансфер.
Раководството на Баерн Минхен не чекаше долго и веќе ги започна подготовките, а водечките луѓе на клубот дури преговараат и со неговото семејство. Според информациите на германските медиуми, „баварците“ се подготвени да го срушат и клупскиот рекорд само за да го добијат потписот на Вирц.
Тоа би значело дека дека понудата за Вирц ќе биде најмалку 100 милиони евра, а досегашниот клупски рекорд на Баерн Минхен се оние 95 милиони евра кои ги платија на Тотенхем за Хари Кејн.
Единствениот конкурент во моментов на „баварците“ е Манчестер сити, а доколку „граѓаните“ одлучат да не жалат пари за младиот Германецот, тогаш и овие 100 милиони евра може да бидат малку.