Баерн му нуди двајца фудбалери на Јувентус во замена за Влаховиќ

Управата на Баерн Минхен тргна по ангажирање на Душан Влаховиќ, напаѓачот на Јувентус, откако пропадна обидот да го купи Хари Кејн.

Италијанските медиуми пишуваат дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, ја одбил понудата тешка 100 милиони евра, плус милионски бонуси за Хари Кејн, по што Баерн одлучи да тргне по напаѓачот на Јувентус, кој е цел и на Челзи.

Но, за разлика од Тотенхем, кој му нудеше рекордна сума пари, германскиот шампион на Јувентус му нуди проста размена, двајца фудбалери во замена за Влаховиќ.

Торинскиот „Тутоспорт“ пишува дека за да ги реши проблемите со нападот со Влаховиќ, Баерн е подготвен во Јувентус да ги испрати Леон Горецка и Рајан Гравенберх, кои се по вкусот на тренерот на Старата дама, Масимилијано Алегри.

- Оглас -

Најнови вести