10.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Баерн му нуди помош на Реал за операцијата на Алаба

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, рече дека клубот ќе се погрижи за операцијата на коленото на Давид Алаба да биде направена од врвниот австриски хирург за колена, Кристијан Финк, во којшто имаат голема доверба.

Финк ги има оперирано Мануел Нојер и Лерој Сане.

Иако Алаба веќе две години не е во Баерн (за нив играше од 2009 до 2021 година), и игра за Реал Мадрид, сепак Баварците не го забораваат својот ексиграч кој викендов се здоби со тешка повреда, поради која нема да игра до почетокот на следната сезона, а ако се случи некое чудо, тој би се појавил на Европското првенство во јуни како капитен на Австрија.

- Оглас -

Најнови вести