Баерн му оддаде почит на Бекенбауер, па потоа дојде до првата победа во 2024 година (Видео)

Германскиот шампион Баерн Минхен со победа од 3:0 над Хофенхајм на својата „Алијанц арена“ ја започна 2024 година.

Пред почетокот на мечот, со едноминутен молк му беше оддадена почит на најдобриот германски фудбалер во историјата, Франц Бекенбауер, кој почина пред неколку дена.

Потоа, Баерн кој играше во специјални дресови во чест на Бекенбауер, рутински си ја заврши работата против Хофенхајм во првиот меч во 2024 година кој се играше во рамки на 17-то коло во Бундеслигата.

Првите два гола беа дело на Џамал Мусијала.
Мусијала резултатот го отвори во 18-та минута, а во 70-та минута зголеми на 2:0.

 

Конечниот резултат го постави Хари Кејн во првата минута од судиското продолжение.

- Оглас -

Најнови вести