Баерн му одговори на Реал: „Може да го добиете Кимих веднаш, но само ако направиме трампа“

Веќе долго се пишува за интересот на Реал Мадрид за Џошуа Кимих од Баерн Минхен, а според шпанските медиуми, изминатата седмица веќе се интензивирале разговорите меѓу фудбалерот и „кралевите“. Договорот на Кимих со „баварците“ истекува на крајот од оваа сезона и сосема е извесно дека тој ќе си замине, но сега раководството на Баерн Минхен му нуди трампа на Реал и трансфер на Кимих веднаш, а не налето.

Опцијата која ја нуди раководството на „баварците“ е размена Кимих за Ѓулер, но во моментов тешко е дека ова е прифатливо за Реал Мадрид со оглед на тоа дека Турчинот е голем потенцијал и има договор до 2029 година. Сепак, не е исклучено Баерн да се откаже од услугите на Кимих уште летово, а да го добие Ѓулер на позајмица на една ипол сезона.

- Оглас -

Најнови вести