Баерн му се поклони на легендарниот Томас Милер (Фото)

Томас Милер (35), легендата на Баерн Минхен и еден од најтрофејните германски фудбалери, ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона. Тој е дел од Баерн уште од десеттата година од животот, а за првиот тим настапи на 750 натпревари, постигна 248 голови и асистираше 274 пати.

Со Баерн освои 12 титули во Бундеслигата, шестпати триумфираше во Купот на Германија и двапати ја освои Лигата на шампионите. Пред денешниот дуел со Борусија Менхенгладбах, Томас Милер и Ерик Даер, кој исто така си заминува, добија пригодни подароци од клубот.


Навивачите на „Алијанц арена“ на легендарниот Томас Милер приредија фантастична кореографија во негова чест.

Баерн објави видео со најдобрите моменти од неговата кариера, со наслов: „Томас, ти се поклонуваме.“

Томас Милер во отворено писмо до навивачите напиша:

„Моето 25-годишно патување како фудбалер на Баерн завршува ова лето. Тоа беше неверојатно патешествие, исполнето со уникатни моменти и незаборавни победи. Почувствував огромна благодарност.“

Баерн Минхен го зачини 750-тиот настап на Томас Милер и новата шампионска титула со триумф над Борусија Менхенгладбах со 2-0. Стрелци на головите беа Хари Кејн во 31-та минута и Мајкл Олисе во 90-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести