Баерн Минхен му се реваншираше на Хофенхајм со идентични 4-1 за поразот претрпен во септември минатата година. Баварците рутински ја остварија победата иако мрежите мируваа по половина час игра.
Боатенг ја отвори средбата во 32-та минута, а само девет минути подоцна Милер зголеми на 2-0, за веќе во следниот напад Крамариќ за возврати и да намали на 2-1.
Сепак, неизвесноста траеше кратко, бидејќи Левандовски и Гнабри до 63-тата минута стрелаа за недостижни 4-1. Баерн сега на стои на врвот во Бундеслигата со 45 бода, 10 повеќе од Лајпциг, кој допрва треба да ги одмери силите против Баер Леверкузен
Борусија Дортмунд по три разочарувања во низа, конечно славеше со 3-1 против Аугсбург.
Гостите во 10-тата минута поведоа со голот на Хан, но Дилејни го врати Дортмунд во игра веќе во 26-тата минута. Пет минути претходно Халанд промаши пенал, но во второто полувреме Санчо се истакна како човекот од одлука најавувајќи ја победата за домашниот состав.
Удукхаи си постигна автогол на петнаесетина минути до крајот, по што беше јасно дека Дортмунд конечно ќе се радува на освоени три бода.
Останати резултати од 19-тото коло во Бундеслигата:
Ајнтрахт Франкфурт 3-1 Херта Берлин, Унион Берлин 1-1 Менхенгладбах, Вердер Бремен 1-1 Шалке 04.