Баерн Минхен во вторник на 17 септември ќе го пречека Динамо Загреб од првото коло во новата сезона во Лигата на шампионите, а хрватскиот тим нема да има прилика да тренира на „Алијанц арената“ пред мечот.
Вообичаена пракса е гостинските тимови да тренираат на теренот на којшто се игра мечот, и тоа еден ден пред средбата, најчесто во терминот на одигрување на натпреварот. Но, Модрите нема да ја имаат таа „привилегија“ затоа што Баерн забранува да се користи теренот за тренинзи бидејќи е оштетен.
Делегацијата на Динамо извршила увид на теренот и се уверила во неговата лоша состојба, па одлучено е тренингот да се одржи во утринските часови в понеделник, во Загреб, а потоа екипата ќе се упати кон Минхен.