Баерн не дозволи да му биде расипана роденденската забава

Баерн Минхен го совлада соседот Аугзбург со 2-0 во баварското дерби на Бундеслигата, прославувајќи ја 120-годишнината од своето формирање. Баерн се мачеше 53 минути, а тогаш Томас Милер погоди за 1-0. Во 89-та минута молк на „Алијанц арената“, гостите дадоа гол за 1-1, но погодокот беше поништен поради офсајд позиција.

За да нема дополнителна драма во финишот се погрижи Леон Горецка, кој ги постави конечните 2-0.

После оваа победа, Баерн е на четири бода плус во однос на втората Борусија Дортмунд и пет во однос на третиот Лајпциг, а до крајот на сезоната во Германија има уште девет кола.

- Оглас -

Најнови вести